Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вчера информира дека спорниот елемент во францускиот предлог, не е ставен во документот како финално решение.
-Го стави во заграда, што значи дека тоа не е конечен предлог на Париз. Не можам да кажам дека документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Не можевме да се договориме со Бугарија, иако јас мислам дека многу лесно тоа може да се реши доколку има политичка волја,
Кога е потпишан Договорот за добрососедство во 2017, Османи истакна дека предвидено е Комисија меѓу двете влади да направи пресек што е направено и што ќе се направи.
-Тие записници се викаат протоколи. Еден протокол потпишал мојот претходник, вториот не е усогласен. Ги знам аргументите, штом Договорот е внатре во рамката, а ги опфаќа сите одредби во него, што е спорно да се спомнува? Ја разбирам логиката дека нема правни последици од тоа дали ќе се спомне или не, бидејќи Бугарија ако сака да спречи, ќе најде милион аргументи и да се во рамката или не, за да ги искористи, рече Османи во емисијата „10 минути“.