Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека во земјава денеска ќе пристигнат 2.000 дози на вакцина против Ковид-19 од Обединетите Арапски Емирати
-Благодарност до министерот за надворешни работи на Емиратите за покажаната солидарност.Вчера контактирав со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдулах бин Зајед, со барање за вакцини. Неговиот одговор беше брз и моментален, еден дел од 2.000 вакцини испратени уште денес за да се обезбеди континуирана вакцинација се додека десетици илјади други не стигнат од Европската унија, напиша Османи на својот Фејсбук.
Министерот за здравство, Венко Филипче денес во изјава за медиумите истакна дека денес на софискиот аеродром ќе пристигнат 2000 кинески вакцини за нас, како донација од ОАЕ, која е резултат на иницијативата на нашиот амбасадор во Абу Даби.