381
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната работа посета на Австрија побара поддршка за евроинтеграцијата на земјава.
„Нема сомнеж дека сме подготвени и бевме подготвени да ги почнеме преговорите и нема сомнеж дека какво и да е одложување на старт на преговорите е навистина грешка, рече Османи.
Тој додал дека сме свесни дека процесот е сложен, дека не е едноставно да се постигне консензус, но, како што кажал, „ние не се откажуваме, напротив, постојано јавно кажуваме дека сме подготвени и натаму да работиме посветено и на реформите, и на добрососедските односи, и на сите предизвици кои ќе се појават, сѐ до нашето полноправно членство во ЕУ“.