Османи: Одлуката на Уставниот суд ги руши механизмите на рамковниот договор

од Илинка Илиоска
47 прегледи

Поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, во гостување на Канал 5 во емисијата „Само Интервју“, го изрази своето несогласување со неодамнешната одлука на Уставниот суд и потенцираше дека таа одлука прави невозможно донесувањето на нов закон кој ќе ги задоволи барањата на ЕУ и ќе обезбеди професионалност и правичност во постапките.

„Со оваа одлука на Уставниот суд не може никаков друг закон бидејќи нема каде да се повика тој закон, бидејќи забранува идентификување врз основа на етничката припадност, тоа е моето читање,“ изјави Османи во интервјуто, додавајќи дека се сомнева дека дури и ако се донесе закон, тој ќе биде укинат.

На прашањето дали постои можност новиот закон повторно да биде поништен, Османи беше категоричен: „Апсолутно бидејќи духот на оваа одлука е таков, спротивен на рамковниот договор, и тоа не е случајно. Тоа е последователно на оваа одлука за непочитување на волјата и едноставно сите механизми за заштита на заедниците коишто ги донесе рамковниот договор.“

Тој истакна дека рамковниот договор овозможил земјата да стигне до релативна хармонија, членство во НАТО и да се претендира за членство во ЕУ, но предупреди дека оваа одлука ги руши сите механизми за заштита на заедниците кои ги поставил договорот.

„Апсолутно бидејќи духот на оваа одлука е таков спротивен во суштината спротивен на рамковниот договор, и тоа не е случајно тоа е последоватолно на оваа одлука за непочитување на волјата, и едноставно сите механизми за заштита на заедниците коишто ги донесе рамковниот договор, а рамковниот договор донесе до тоа еве денеска државата да е во релативна хармонија, земја-членка на НАТО, претендент за земја-членка на ЕУ, да се рушат едно по едно“, рече Османи.

 

Слични содржини