Опозицијата се обидува да создаде атмосфера пред нивниот протест, за да влечат некој човек повеќе. Досега не се покажаа кредибилни нивните ставови и извори. Тоа што јас можам да кажам дека започнат е процес на консултаци помеѓу земјите-членки, пред да се усогласи став на сите по однос на процесот, за да може да стигне кај нас и да ги анализираме тие предлози. Француското претседателство дава предлози кои што ги дистрибуира до сите земји-членки, вклучувајќи и Бугарија.Јас не би влегол во коментари на различни предлози, бидејќи сметам дека прво е важно да ги чуеме ставовите на сите земји-членки, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска објави дел од предлог-преговарачката рамка и неговото споделување со останатите членки од Унијата.
Според него, тоа што опозицијата што се обидува да го стави овој сензитивен и важен процес во функција на партиски активност, е несериозно.
-Тоа што може да го направи опозицијата е да се обрати до нас, да комуницира и да понуди помош, а ние ќе ги споделиме сите информации со нив. тоа е мојата порака до нив, да не се обидуваат ова прашање да го ставаат во функција на партиските митинзи. Мојот број го имаат, ќе ги споделам сите информации со нив, рече Османи како одговор на новинарско прашање.