Османи оптимист, Заев воздржан: Преговорите со Бугарија продолжуваат

од Берта Китинска
428 прегледи

Државниот на кординација зад затворени врати дискутираше за динамиката со која земјата ќе продолжи на патот на евроинтреграциите но и ќе се дискутира за условите кои ги постави соседна Бугарија и како понатаму.

Заев, пак, не очекува пресврт наскоро. Отворените прашања со Бугарија не се очекува да се решат до одржување на парламентарните избори во март годинава, откако земјата стави вето на македонските преговори со ЕУ смета премиерот.

Премиерот Зоран Заев истакна дека сега не е рационално да се разговара со Бугарија и да се бара решение за проблемот, кога бугарските политичари се фокусирани на изборите, во текот на гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Сител.

– Сега не е рационално да се разговара, зашто бугарските политичари се исправени пред избори, но Акцискиот план ќе помогне многу за голем дел од работите да се реализираат побрзо и кај нас и кај Бугарија. Акцискиот план произлегува од Договорот за пријателство и е од наш интерес, а целта е поинтензивна соработка. Идејата е да се разговара за она што е возможно да се реализира до 28 март, кога се изборите во Бугарија – истакна Заев.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оптимистички најавува наскоро одржување на првата Меѓувладина конференција за почеток на преговорите на земјава со Европската Унија. Османи рече дека неговите очекувања од Португалија се позитивни, но и дека се надева помошта од Германија да продолжи.

-Според првите контакти со португалското претседателство, тоа има сериозна намера да се ангажира процесот да се продолжи од таму каде го остави германското претседателство и побрзо да се најде решение за разликите со цел да се одржи првата меѓувладина конференција односно да се усвои преговарачката рамка“, истакна Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во најбрз можен рок ќе иницира повторно средба со неговата колешка шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Како што посочи денеска Османи она за кое треба да се дискутира е меѓувладинатра конференција, но и трилатералната средба со неа и неговата колешка од Албанија Џачка.

Бугарија пак се уште не одговорила на нон пејперот кој Македонија го испрати до властите во Софија, а Османи пак со големи очекува од Португалското претседавање со ЕУ, но и убеден е дека поддршката од Германија ниту овој пат нема да изостане.

 

Слични содржини