Работиме заедно да дефинираме некои прашања кои се важни за САД и за вашата земја, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен по средбата со претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти.
На состанокот одржан на 26 јули во Вашингтон, Блинкен ѝ се заблагодари на косовската делегација за гостопримството кон луѓето кои избегаа од Авганистан по доаѓањето на Талибанците на власт и за поддршката на Косово за Украина.
Тој рече дека разговарале и за „критичните прашања за регионалната безбедност“, но не даде детали.
Met today with President Osmani and Prime Minister Kurti of Kosovo. The United States supports Kosovo’s Euro-Atlantic and international integration and the EU-facilitated Kosovo-Serbia Dialogue. We appreciate Kosovo’s hospitality to Afghans and its firm support for Ukraine. pic.twitter.com/cNIrY2EwwY
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) July 26, 2022
„САД ја поддржуваат евроатлантската и меѓународната интеграција на Косово, како и дијалогот меѓу Косово и Србија, со посредство на ЕУ“, напиша Блинкен на Твитер.
Во изјава за медиумите, по средбата со Блинкен, Османи рече дека средбата била „одлична“ и дека уште еднаш се потврдило дека „Косово нема поголем и подобар сојузник од САД“.
Косовската претседателка рече дека се зборува за зајакнување на субјективноста на Косово на меѓународен план, за потребата Косово да биде членка на НАТО, како и за „конструктивната улога на Косово во дијалогот со Србија“.
Османи на оваа средба рече дека детално се разговарало за дел од договорите постигнати во рамките на овој процес, како што е енергетиката, и додаде дека американската администрација јасно ставила до знаење дека процесот на дијалог треба да биде фокусиран на меѓусебното признавање“, што е потврдено денеска во текот на оваа средба“.