Османи побара Србија да ги ослободи приведените косовски полицајци

од Nikola Popovski
377 прегледи

Потребно е да се придржуваме до Патоказот на меѓународната заедница за деескалација, со потсетување дека Силите на НАТО во Косово (КФОР) имаат задача да овозможат безбедно и сигурно опкружување во северните косовски општини, објави шефот на дипломатијата Бујар Османи на Твитер.

– Во својство на министер за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ разговарав со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово. Го повторив мојот повик за итна деескалација во северните општини во Косово, наведе Османи во твитот.

Според него, од клучно значење е Србија да овозможи итен пристап приведените косовски полицајци и да ги ослободи.

– Клучно е сите страни да работат на мир и јас ги повикав да го сторат тоа! ОБСЕ понуди и е подготвен да помогне согласно потребите, додаде Османи.

Слични содржини