Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција изјави дека се уште е оптимист во однос на преговорите со Бугарија и дека до последен момент македонската страна ќе се труди да постигне договор.
„Постигнавме доста напредок во многу прашања, дури би рекол 7-8 кои се сензитивни за едната или другата страна, меѓутоа дали е тоа доволно за да се деблокира процесот не можам да кажам, пред нас сè уште три дена. Како што реков ќе работиме во неколку наврати до последниот момент да аргументираме дека процесот на европските интеграции не е важен само Северна Македонија, туку и за Бугарија и за сите членки на ЕУ, пред сè и за кредибилитетот на Унијата и за регионалната динамика. Меѓутоа, се разбира треба да се сретнеме некаде во овие позиции во рамки на тоа што може да се разговара“, изјави Османи.