Османи: Нацрт верзијата на преговарачката рамка на ЕУ ќе биде објавена на 9 или 10 јуни

од Vladimir Zorba

Преговарачката рамка на ЕУ, како нацрт верзија, ќе биде објавена на 9 или 10 јуни, заедно со краток извештај за напредокот во реформите, најави од Штип вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, потенцирајќи дека постигнувањето на консензус за датумот на изборите нема да влијае на Преговарачката рамка.

Османи нагласи дека откако Европската комисија ќе ја објави нацрт верзијата на Преговарачката рамка, земјите членки ќе ги изнесат свои национални позиции и на крајот се обидуваат да дојдат до консензус.

– Очекувам и се надевам дека овој предлог ќе биде неутрален, по однос на позициите на различните земји членки, туку повеќе ќе се заснова на принципите на функционирање на ЕУ. Очекувам дека откако ќе се објави, секоја земја, вклучувајќи ја и Бугарија, ќе се обиде да ја наметне својата национална позиција. Но, се координираме, ние си ги утврдивме нашите државни позиции, за тоа што би сакале и која е најдобрата верзија. Како држава кандидат не сме во позиција да влијаеме на преговарачката рамка, но ќе лобираме и ќе работиме, истакна Османи.

Слични содржини