Османи продолжува со реализирање на програмските заложби на Претседавањето во земјите од Централна Азија

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на , Бујар Османи во рамките на остварувањето на дел од главните заложби од Програмата за Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 г., односно во на поддршката на работата на теренските операции на ОБСЕ ја продолжува посетата на земјите учеснички од Централна Азија (ЦА). После  реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан.

За време на престојот во Бишкек, Киргистан предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ.

Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и во намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, Регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од Регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА.

Слични содржини