Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека во земјава има голема заинтересираност за влез во ЕУ, цитирајќи ги резултатите од анкетата на ИРИ.
-74% од јавноста сметаат дека треба да правиме се што можеме за да гарантираме дека С. Македонина е дел од ЕУ. Уставните измени сами по себе не се контроверзни, туку само додаваме нови етнички заедници во Уставот, а тој веќе ја дефинира нашата земја као мултиетничка. Ова е нјасилна карактеристика на земјава. Горди сме што воспоставивме уникатен европски модел на функционална и мултиетничка демократија – сите заедници уживаат подеднакви права и можности. Луѓето со право се фрустрирани бидејќи ова е нов обид само после пет години кога се смени името на државата. Опозицијата ја користи таа фрустрираност на граѓаните и сака да го претворат тоа во политички поени за нив, рече Османи на брифингот со тројцата министри во „Славков“ или „Аустерлиц“ формат.
Министерот додаде дека имаат историска одговорност да ја внесат земјата во групата на држави која нема отворени билатерални прашања.
-Се надевам дека дебатата ќе почне кога пратениците и граѓаните ќе го видат самиот текст на уставните измени. Во моментов има многу пропаганда и не можат луѓето да ја согледаат суштината на измените кои само го зајакнуаат мултиетничкиот карактер на нашата држава, кажа Османи, одговарајќи на новинарско прашање.