Османи разговарал со Кулеба: Македонија се приклучи кон барањето за формирање Специјален трибунал за руската агресија

од Nikola Popovski
278 прегледи

Министерството за надворешни работи информира дека шефот на дипломатијата Бујар Османи остварил телефонски разговор со неговиот украински колега, Дмитро Кулеба.

Во рамки на разговорот, Османи информирал за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

„Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, изјавил Османи.

Воедно, Османи ја реафирмирал нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија. Во тој контекст, истакнал дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.

Дополнително, стана збор и за активностите во рамки на претседавањето на Северна Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби воУкраина и европскиот континент.

Слични содржини