Османи разговарал со српската амбасадорка за Резолуцијата за Сребреница: „И за Белград е најдобро да ја залечи раната“

од Nikola Popovski
184 прегледи

Во МНР вчера имаше средба со амбасадорката на Србија и ние јасно кажавме дека ова не е однос кон Србија и српскиот народ, туку однос кон едно злосторство и за кое меѓународните судови имаат констатирано дека е геноцид и дека негирањето и глорицифирањето на сторителите е само продолжување на геноцидот во друга форма. И за Србија е најдобро да ја залечи оваа рана, како тоа што го направија Германците и сите други народи, изјави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи околу најавеното коспонзорство на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Тој истакна дека одлуката за коспонзорство е одлука на министерот за надворешни работи и дека му дал инструкции до македонскиот амбасадор во ОН да ја поддржи Резолуцијата. Османи вели дека е шокиран од реакциите на дел од граѓаните за кои, смета, дека се поттикнати од одредени политички партии.

Пред речиси 28 години, на 11 јули 1995 година, единиците на Армијата на Република Српска предводени од генералот Ратко Младиќ заедно со паравоената формација „Скорпиони“ извршија геноцид врз бошњачкото население во регионот на Сребреница, кој беше зона под заштита на Обединетите Нации. Според досега познатите податоци, силите предводени од Ратко Младиќ убиле околу 8.000 луѓе, главно мажи и момчиња од исламска вероисповед, а се проценува дека возраста на жртвите била од 12 до 77 години.

Геноцидот врз Бошњаците во Сребреница е потврден со бројни судски пресуди, од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, преку Хашкиот трибунал, до судовите во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

Слични содржини