Османи разговараше со новата бугарска МНР Габриел за целосна имплементација на Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski
175 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел.

Османи упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји.

За време на разговорот, беше нагласена важноста на продолжување на политичкиот дијалог, ревитализација на меѓуресорската соработка и целосна имплементација на Договорот за пријателство, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија.

Слични содржини