Османи: С. Македонија нема да воведе визи на Косово, ЕК направи пропуст

од Nikola Popovski
290 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека е грешка на Европската комисија (ЕК) ставањето на Косово на листата со земји со кои што треба да има визен режим.

-Тоа е пропуст кој што е увиден од ЕК. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано. Ние во рамките на Берлинскиот процес за движење со лични карти в орегионот. Трендот е обратен од воведување на визи. Целта е целосно регионот да влезе во слободното движење на граѓани. Увиден е пропустот и ќе биде корегиран. РС Македонија нема да воведе визи на Косово затоа што нема потреба од тоа. Работиме на целосно елиминирање на границите, рече денеска Османи како одговор на новинарско прашање.

„Косово онлајн“ вчера објави дека Северна Македонија и Црна Гора добиле предупредување од Европската комисија (ЕК) и од нив било побарано да објаснат зошто не ја усогласиле својата визна политика со политиката на Европската унија, односно зошто им дозволуваат на граѓаните на трети земји, како што е Косово, да влезат на нивни територии без визи, иако не треба.

Ова е напишано во петтиот извештај на ЕК за мониторингот на безвизниот режим од Унијата со Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, како и со Грузија, Молдавија и Украина, пренесува косовскиот медиум.

Слични содржини