Османи: С. Македонија против враќањето на српските сили на Косово

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Министерот за надворешни работи на С. Македонија, Бујар Османи, изјави дека земјата е против можното враќање на српската војска на Косово.

Османи рече дека Скопје со загриженост ги следи последните настани на северот на Косово и Метохија и оцени дека интензивирањето на медијацијата преку конкретни идеи е добра можност што треба да ја искористат двете страни, наведувајќи дека зборува за европско посредување преку француско-германскиот предлог, пишува приштинскиот портал „Репортери“, цитиран од „Танјуг“.

Османи рече дека Северна Македонија ја поддржува Приштина во нејзините акции за, како што рече, „да го спроведе законот на целата територија“.

Тој изјави и дека Скопје го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти според него треба што поскоро да се дојде до сеопфатно решение засновано на взаемно признавање.

Османи смета дека оваа година Косово треба да се приклучи на Јадранската повелба, чие претседавање годинава го презема С. Македонија.

Слични содржини