Османи-Сарацин: Германија е наш најголем политички и економски партнер

од Nikola Popovski
128 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со Мануел Сарацин, специјален претставник на Сојузна Република Германија за Западен Балкан.

Османи изразил големо задоволство од позитивниот исход од министерскиот состанок во рамки на Берлинскиот процес одржан минатата недела и усвоената Декларација за имплементација на заедничкиот регионален пазар и најавеното потпишување на договорите за признавање на академски квалификации/дипломи, професионални квалификации и патување со лични карти во Регионот на самитот, кој треба да се одржи на 3 ноември, во Берлин.

“Берлинскиот процес несомнено продолжува да биде значаен двигател на реформските процеси во нашиот Регион” – истакнал Османи.

Османи изразил благодарност за недвосмислената поддршка на Германија за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и брифираше за тековниот скрининг, како особено значајна фаза во процесот на пристапните преговори со Европската Унија.

За време на средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од интензивната динамика на политички дијалог меѓу двете држави, која значи градење силни и стабилни партнерски односи со Германија.

“Фактот дека Германија е наш најголем политички и економски партнер е само уште една потврда за германската посветеност и интерес за присуство во Регионот” – истакнал Османи.

Двајцата соговорници ја нагласиле важната улога на НАТО во зачувување на европската и светска  безбедност во дадениот нестабилен геополитички контекст, како и важната улога на Република Северна Македонија како земја претседавач на ОБСЕ во 2023 година.

Слични содржини