Османи: Се прават логистички напори за Лавров да биде во Скопје за самитот на ОБСЕ

од Nikola Popovski
249 прегледи

Над 200 луѓе од МНР учествуваат во подготовката на самитот на ОБСЕ во Скопје кој ќе се одржи кон крајот на месецов. Министерот Бујар Османи информира дека обезбеден е и чартер лет од Брисел до Скопје за министрите кои ќе бидат на НАТО-министерскиот совет од каде што ќе дојдат 20 официјални претставници. Најавени се над 1000 членови на делегации.

Според шефот на македонската дипломатија, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров испратил писмо, со барање за да присуствува во Скопје.

-Има одредени предизвици во однос на неговото прашање со оглед дека македонскиот воздушен простор е затворен за руски авиони, како и на соседните земји. Тука ќе треба да се направат логистички напори. По правило, сите земји-учеснички треба да присуствуваат на министерскиот совет, но за одредени личности треба да се одлучи дополнително. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје, порача Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Доколку не дојде министер од Русија во Скопје, на прашањето како ќе се донесе одлука за иднината на ОБСЕ без ставот на Москва, Османи вели дека Руската федерација ќе присуствува со свои претставници, но сите треба да бидеме за колективниот интерес над државниот.

Проценките се дека за организација на конференцијата на ОБСЕ, на која ќе гостуваат 70 министри, Македонија ќе издвои 5 милиони евра.

Слични содржини