Османи се сретна со Блинкен: САД и Македонија влегуваат во подинамична фаза на пријателство

од Nikola Popovski
268 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска информираше дека имал средба со американскиот секретар Ентони Блинкен. Македонскиот шеф на дипломатијата појасни дека изразил особена благодарност за одличниот Стратешки дијалог кој денес се одвива во Вашингтон под покровителство на Стејт департментот.

-Стратешкото партнерство меѓу двете земји влегува во нова, подинамична фаза на пријателство, а билатералните односи добиваат нова, попрецизна рамка за нивен натамошен развој. САД недвосмислено застануваат во поддршка на европските интеграции на Северна Македонија како важен влог во стабилноста и напредокот на целиот регион. Како НАТО сојузници ги делиме современите демократски принципи и вредности, и во целост ја осудуваме воената агресија на Русија врз Украина, објави Османи.

Слични содржини