Османи се сретна со Чавушоглу, главна тема на разговор руската агресија во Украина

од Nikola Popovski
205 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи попладнево во Њујорк имал средба со министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу.

На средбата се размениле мислења за македонско-турските билатерални односи, политичкиот и економски дијалог, во светло на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи.

-Во фокусот на разговорите и напорите што Северна Македонија и Турција ги преземаат со цел справување со последиците од руската воена агресија во Украина, како и евро-атлантската перспектива на земјите од регионот и предизвиците со кои се соочува, информира Османи.

Слични содржини