Првиот човек на македонската дипломатија, Бујар Османи се огласи на социјалните мрежи пред пленарната седница во Собранието, посветена на уставните измени, која ќе се одржи на 18-ти август. Османи посочи дека не делат само два дена од почетокот на еден од најважните процеси за обезбедување сигурна и просперитетна европска иднина за нашите граѓани,
Со месеци доаѓаа пријатели и министри од целиот свет и не охрабруваа со пријателски совет да се фокусираме на овие предизвици и да ја надминеме оваа последна формална пречка пред отворањето на големиот хоризонт на поглавјата од преговорите. Затоа, ве повикувам да не дозволиме да се дефокусираме сега, кога сме во финале, и да се дезориентираме, туку да го задржиме курсот и родителската одговорност пред идните генерации. Моментот е сега, порача министерот за надворешни работи.
Патот за внесување на Бугарите и пет други народи во Преамбулата на Уставот е отворен. Пратениците со 10 наспроти 7 гласа во собраниската комисија за уставни измени го прифатија владиниот предлог за отворање на Уставот. Против гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ги осудија на пропаст уставните измени кои се услов за отворање на кластерите од преговорите со Европската Унија (ЕУ).
Според владиниот предлог, во Уставот покрај Бугарите ќе влезат и хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ.
Скрининг процесот завршува во ноември, до тогаш се очекува да бидат донесени уставните измени за да може да се закаже Втората меѓувладина конференција со ЕУ.