„Акцискиот план содржи секторска соработка меѓу двете држави. Тоа значи соработка на линиските министерства, соработка меѓу двете министерства за образование, инфраструктура, култура. Тоа е цел сет на прашања за соработка“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.
Според него, оваа секторска соработка била жртва во однос на некои прашања како што се историските.
„Затоа решивме во Влада да почнеме на некои прашања за кои немаме разлики, и плус ќе ни создаде една доверба, и потоа на изградена доверба многу полесно ќе ги решаваме и другите прашања кои имаат многу емоции“, рече Османи и додаде дека кога се решаваат прашањата со емоции, мора да се менува пристапот.
„Ако таквите емоционални прашања ги разговарате во недоверба, тие стануваат ненадминливи“, заклучува министерот.