Османи: Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари

од Берта Китинска
212 прегледи

Почнувајќи од 1-ви јануари, па во следните 12 месеци, Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ, пишува на својот Фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Дали знаевте дека ОБСЕ е најголемата безбедносна организација во светот со 57 држави кои претставуваат 1,3 милијарди луѓе на три континенти. Почнувајќи од 1 јануари, во следните 12 месеци, Северна Македонија ќе го преземе претседавањето со оваа извонредна организација, а јас сум привилегиран да ја преземам улогата на претседавач со ОБСЕ со седиште во Виена“, пишува Османи.