Шефот на португалската депломатија Аугусто Сантош Силва изразил жалење откако португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закаријаш, на брифинг со новинари во Брисел изјави дека „северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.
„Тоа што можам да кажам од разговорот со Силва е дека португалското претседателство покажа дека решение може да постои, потребно е само повеќе напор и разбирање. Министерот изрази жалење и ја реафирмираше уште еднаш позицијата на Португалија дека нивниот став е оној што го има во пишаниот документ што го доставија како предлог до Бугарија и Северна Македонија. А тоа е македонскиот јазик да остане во преговаракаата рамка.Претседателството има единствен предлог. Се менува претседателството, но не се менува предлогот. Јазикот е кодифициран од 1945 и никогаш не сме се пазареле за јазикот на билатерална основа“, рече Османи.