Следниот период, идните дипломатски делувања во однос на заокружувањето на нашето европско досие ќе бидат насочени кон искористување на можностите што ги нуди словенечкото претседателство, особено фактот што Словенија, како непосреден сосед на регионот, покажа посебен интерес за севкупен напредок на регионот на Западен Балкан, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на вонредниот тематски работен состанок со амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ,
– Без разлика на предизвиците и сложениот политички контекст со кои се соочуваме, наша обврска е да продолжиме со несмален интензитет да го одржиме нашето досие високо на агендата кај европските престолнини, рече Османи.