Во Владата немаме никакви разлики, Најсоодветно комуницираме и соработуваме. Нема никаква ралзика во ставови или забелешки по однос на работењето на коалициските партнери и тоа е важно. Имаме добри меѓучовечки релации и добра соработка како министри. Апсолутно немам забележано никакви разлики во дејствувањето, кажа шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање дали постои конфликт во Владата меѓу коалициските партнери.
Османи смета дека ако опозицијата ги изгласа уставните измени, ќе остават на нив да одлучат кога да бидат изборите, како што рече, денеска, утре или задутре.
-Фер понуда од наша страна. Доколку не се изгласаат уставните измени, редовните термини треба да бидат земени во предвид – и за парламентарните и за претседателските избори, одговори денеска министерот.