Екс-министерот за надворешни работи, Бујар Османи објави статус на социјалните мрежи за неговиот сопартиец Крешник Бектеши кој е еден од притворените за тешката трагедија во Кочани. Според Османи, поранешниот министер за економија е политички затвореник и, како што вели, редок случај каде Албанците и Македонците се согласуваат за неправдата што му се прави.
-Само скршениот ум и срце може да го провоцира неговото семејство на овој понизен начин. Некогаш во политиката имаше минимум достоинство – денес некои покажуваат дека го немаат, стои во објавата на потпретседателот на ДУИ.
Неодамна на социјалните мрежи се огласи и сопругата на Бектеши. Таа порача дека нејзиниот сопруг ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност во моментот кога се случила трагедијата.
Екс-министерот првично доби 48-часовен притвор, кој му беше продолжен и сега одлежува 30 дена притвор.
Од Министерството за економија, осомничени се поранешниот министер, поранешен државен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник. Од Државниот пазарен инспекторат осомничени се поранешен директор и три службени лица инспектори, кои во последните пет години ниту еднаш не извршиле контрола над работењето на дискотеката „Пулс“.