Османи: Спорот меѓу С. Македонија и Бугарија ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и на целиот регион

од Vladimir Zorba

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија душевен мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно. Имаше ефективно справување со последиците од оваа криза. Ова е уште еден знак дека, во добро или лошо, ние сме блиски пријатели и треба да си помагаме. Ова за бугарска „Нова“ го изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Тој ги отфрли заговорите дека трагедијата била организирана за да се натера Софија да каже „да“ за Скопје на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија. И покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна влада, но ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а пријателството меѓу нашите две земји е заложник“, рече Османи.

Слични содржини