Османи: Спорот со Бугарија да не стане „грчко сценарио“, не смееме да изгубиме уште една генерација

од Nikola Popovski
235 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи се надева дека спорот со Бугарија нема да стане налик на грчкото сценарио.

-Не можеме да си дозволиме да изгубиме уште една генерација. Ова да не стане замрзнат спор. Затоа јас наметнувам тензија на кратки рокови, затоа што сметам дека не треба да падне притисокот во Скопје, Софија и ЕУ, вели Османи во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Министерот за надворешни работи појаснува дека тоа шго го бара бугарскиот премиер Кирил Петков е Меѓувладина комисија, што и веќе е заведено во Договорот за добрососедство.

-Работните групи се налик на комисијата, каде што речиси сите министри ќе бидат вклучени, од сите процеси и ресори. Според Договорот и треба еднаш годишно да се среќаваме, потенцира Османи.

Тој додава дека не се планира да се потпише нов договор со Бугарија, иако лани во октомври имало барање од Софија.

-Во моментов зборуваме за пакетот 5+1, додаде шефот на дипломатијата.

Слични содржини