Кандидатот за градоначалник на ДУИ и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, говорејќи за последните случувања во Косово, дека зад секој успех на таа земја, како и на земјите во регионот, стојат Соединетите Американски Држави и дека суспендирањето на Стратешкиот дијалог ќе биде сериозен тест за политичката елита во Косово, но и силен сигнал за целиот регион.
„Зад секој успех на нашата земја, како и на земјите во регионот, стои печатот на САД. И горд сум што како прв министер во регионот потпишав Стратешки дијалог со Вашингтон. Тоа не беше само документ, туку процес што ги охрабри другите земји во регионот да го следат истиот концепт“, потенцирал Османи.
Тој рекол дека прекинот на стратешкиот дијалог од страна на САД со Косово е сериозен тест за политичката елита во Приштина, но и силен сигнал за целиот регион.
Тој истакнал дека нема алтернатива на партнерството со САД.
„Ја поставивме политиката на две држави како официјален став на Владата и на Министерството за надворешни работи. Тоа беше став што се совпаѓаше со Европската Унија. Сега гледаме одлуки против ЕУ и против нашата официјална политика. Владата треба да објасни зошто е променет курсот по неколку години, кога беше јасно дефинирано дека тоа е европски и национален интерес. Владата, а особено албанските партии во неа, треба да објаснат кога и каде е донесена таа одлука. Кој ја свика седницата и кој ја поддржа оваа промена што е гласање против политиката на две држави на Блискиот Исток. Народот заслужува одговор“, рекол Османи.
Тој додал дека Македонија не смее да дозволи отстапување од европската ориентација и од стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.