Османи: Сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, ќе бидат принудени да вадат бугарски пасоши

од Nikola Popovski
325 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во интервју за германски ФАЦ порача дека е свесен за опасноста дека некои кругови во Бугарија ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата на над 80.000 (според ФАЦ) македонски државјани кои поседуваат бугарски пасоши.

-Знам дека зад барањата за малцинските права стојат нечесни намери. Но, за мене поголема закана е дека сѐ додека нашите граѓани не се дел од ЕУ, тие ќе бидат принудени да аплицираат за бугарски пасоши од социјални и економски причини, вели Османи во интервјуто, цитирано од ДВ на македонски јазик.

Според него, Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на ЕУ.

На прашањето дали постојат гаранции дека Бугарија нема да поставува нови барања по евентуалното усвојување на уставните измени, Османи рекол дека бугарската политика е толку несигурна што никој не може да знае што ќе донесе следниот ден.

Неодамна бугарскиот парламент донесе измени на Законот за државјанство, со што церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна и регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавно достапен. Софија тврди дека над 120.000 македонски граѓани имаат бугарски пасош и државјанство.

Македонците иако се најбројни баратели на бугарски пасоши, сепак споредено со бројките на издадени пасоши во годините претходно 2021 и 2020, покажува дека трендот на вадење бугарски пасош е повеќе од преполовен. Лани од вкупно 7.410 пасоши издадени бугарски пасоши, само 1.992 завршиле во рацете на македонски државјани, стои во статистиката на Еуроактив.

Слични содржини