Министерот за надворешни Работи Бујар Османи не е сигурен дека Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската унија (ЕУ) во јуни.
Османи кажа дека Македонија направила сè што било побарано, а доколку не биде доделен датум, тогаш вината е во Бугарија и ЕУ.
„ Меѓутоа, да бидеме конструктивни, топката не е во нашиот двор. Топката е во Софија и Брисел. Тоа е нивна одговорност ако биде или ако не биде. Премногу вложуваме во ова прашање и ќе мора да се свртиме во прашањата дома, да продолжиме со реформите и процесите. Кога ЕУ ќе реши да даде сигнал за регионот, ние сме тука, никогаш нема да се повлечеме од амбицијата за ЕУ“, кажа Османи.