Османи: Треба да прашате во ВМРО-ДПМНЕ дали земјава ќе се одвои од пакетот со Албанија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
182 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека Франција е недвомислена во својата поддршка за продолжување на европскиот пат на Македонија, заедно со Албанија.

-Дали ќе има одвојување, треба да прашате во ВМРО-ДПМНЕ. Топката е кај нас и уставните измени се моментот кој што ќе одлучува дали ќе има одвојување или продолжување на преговорите со ЕУ, заедно со Албанија. Тоа е прашање за сега за опозицијата, а за кратко време, ќе биде и за сите нас, кажа министерот, запрашан околу тоа дали се предвидува раздвојување на пакетот со Албанија кон членството во ЕУ.

-Јас сум оптимист дека ќе се случат уставните измени и дека нема да дојде до одвојување, истакна Османи на брифинг со медиумите.