Ние во политиката се забораваме и зборуваме тешки флоскули, но сме тука за да им го направиме животот на граѓаните подобар и да го олесниме. Очигледно овие прашања се меѓусебно зависни, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи во емисијата „Само интервју“, зборувајќи за последната посета на Софија и средбите со бугарскиот владин врв.
Според него, билатералната соработка, позитивниот политички амбиент и решавањето на проблемите се зависни едни од други.
-Влегуваме посветено, спремно и чесно за да најдеме решение со Бугарија, бидејќи европската перспектива е важна за општиот прогрес на државата, вели Османи.
Министерот додава дека мораме да создадеме предуслови за средбите на Мешовитата историска комисија да бидат што почести, без да ги подигнуваме очекувањата дека мора да има резултати и јавноста да се разочарува дека „еве заврши еден состанок и ништо не е завршено“.