Османи тврди дека е погрешно претставен: „Во Сопот не се отвори музеј на УЧК“

од Nikola Popovski
242 прегледи

Според министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи во кумановско Сопот не се отворило музеј на УЧК, туку музеј кој што одбележува настан од 1944 година, кога се убиени селани од селото.

Како што истакна шефот на македонската дипломатија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети бил во кумановското село и тоа само како поканет гостин.

-Според мои информации, организаторите на настанот велат дека тоа е семејно земјиште и семејството тоа го изградило. Ние немаме никаков удел во тоа и единствено бевме поканети, рече Османи, запрашан за контроверзниот настан кој се случи изминатиот викенд.

-Беше погрешно претставен како музеј на УЧК, додаде тој.

Во меѓувреме, повеќе го нема спомен-обележјето на кое беше прикажана карта на „Голема Албанија“ пред комплексот на УЧК. Не е јасно кога е отстранет споменикот чија фотографија беше објавена на 4-ти ноември на церемонија со одбележување на масовна погибија на жители на Сопот во Втората светска војна.

Дивоградба е комплексот на УЧК во кумановско Сопот, а Општина Куманово ќе поднесе и кривична пријава. Градоначалникот Максим Димитриевски испратил инспектори кои утврдиле дека општината нема дадено дозвола за градба. Бидејќи нема инвеститор, пријава во Обвинителство ќе биде против непознат сторител.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека комплексот бил отворен на приватен имот и дека со право граѓаните реагираат. Според него, ваквиот потег е задоцнет 145 години.

Слични содржини