„Османи успеа да направи едно општество за сите“: Доајенот на спортското новинарство Костовски со честитки до Претседавач со ОБСЕ

од Vladimir Zorba
285 прегледи

Благодарам Бујар! Вака доајенот на спортското новинарство, Атанас Костовски ја завршува својата колумна за „Слободен печат“ насловена „Еден етнички Албанец ме направи горд Македонец!“ во која се осврнува на успешно спроведениот Министерски совет на ОБСЕ од страна на министерот за надворешни работи, Бујар Османи како кормилар на ОБСЕ, и на Македонија како Претседавач со Организацијата во 2023 година.

„Честитки министре, за едногодишното кормиларење со ОБСЕ, честитки до комплетната екипа на Министерството за надворешни работи, на нашата Влада, на скопјани што ги прифатија сите препораки за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ. Завршниот аплауз во светски адаптираната „Борис Трајковски“ за потребите на самитот, значеше дека нашата Македонија беспрекорно го одработи едногодишниот претседателски мандат со ОБСЕ“, вели Костовски.

Според Костовски, не бил само завршниот настан на Претседавањето со најголемата светска регионална безбедносна организација успешен, туку целогодишниот мандат како Претседавачи со ОБСЕ за што потврда стигнала од цел свет.

„Пред, за и по деновите на Министерскиот совет, почувствував како да сум дел од едно општество за сите, еден етнички Албанец ме направи горд Македонец!“, вели Костовски.

На Министерскиот совет на ОБСЕ кој заврши на 1 декември, лидерството на Османи со Организацијата и неговиот постојан ангажман за обезбедување на функционалноста на Организацијата резултираа со консензуална согласност на сите земји-учесички Малта да го презеде Претседавањето во 2024 година, а едногласно беа поддржани и продолжени мандатите и на челниците на независните институции на ОБСЕ.

Слични содржини