Османи утре домаќин на Селаковиќ, ќе разговараат за перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан

од Берта Китинска
235 прегледи

Утре, Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, кој е во возвратна дводневна официјална посета на Северна Македонија.

-Во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка. Во рамките на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград, информираат налдежните

Слични содржини