Министерот Бујар Османи, утре ќе дава отчет од своите две години на функцијата министер за надворешни работи.
„Ве известуваме дека утре (сабота, 27 август 2022 г.) во пресрет на две-годишнината од својот мандат, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ќе одржи прес конференција во форма на отчет пред медиумите и јавноста за активностите во првите две години од мандат (2020-2022)“, се вели во соопштението од МНР.