Османи-Вархеји: Македонија останува посветена за влез во ЕУ до 2030

од Nikola Popovski
208 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи информира дека имал продуктивна средба со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во рамки на работната посета во Брисел.

Во фокусот на разговорите било нашето ЕУ досие, високото ниво на подготвеност на нашата администрација за успешен скрининг процес, како и уставните измени како наша преземена обврска со цел забрзана интеграција во ЕУ.

-Македонија останува посветена во реализацијата на најголемата надворешно – политичка стратешка цел до 2030 година, но и ЕУ да остане посветена и одлучна за забрзана интеграција на земјите од регионот, со цел опипливи економско-социјални придобивки за нашите граѓани, му рекол Османи на Вархеји.

Слични содржини