Османи: Во Авганистан останаа уште 14 граѓани, од нив 11 треба да пристигнат до вечер

од desk4
170 прегледи

Министерот за надворешн работи Бујар Османи вели дека поради наглото влошување на состојбата во Авганистан, македонскта влада морала да направи брзи чекори за да ги извлече македонските граѓани од Кабул.

-Во утринските часови успеавме да ја извлечеме најголемата група на наши граѓани кои беа во Кабул. Тие се веќе надвор од Авганистан, но околу 14 македонски граѓани се останати во базата која што е прилепена до аеродромот. Очекуваме во текот на денот да бидат евакуирани уште 11 граѓани. Тројцата решиле сами да останат поради нивните задачи кои ги имаат со војската. Така да сметам, доколу не се појави нешто неочекувано, успешно да го привршиме извлекувањето на сите наши граѓани од Кабул, рече Османи на Канал 5 ТВ.

Според Османи поради обврските со НАТО, Македонија ќе овозможи привремено прибежиште на одреден број на Авганистанци.

– Заедно со нашите партнери бевме вклучени во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан од 2002 година. Оттука ние само продолжуваме да учествуваме во рамки на нашиот сојуз во помагање на ситуацијата во Авганистан. Во рамки на нашата солидаризирност со загрозените цивили кои беа дел од меѓународнте организации, ние согласно нашите капацитети се понудивме да привремено да примиме одредена пруба на граѓани, се додека тие не стигнат до конечната дестинација. Станува збор за активисти за човекови права кои што работеа со странските меѓународни организации. Колку што имаме можност во нашите хотели за привремено сместување од неколку недели тие ќе бидат примени во државта. Мислам дека тоа е должност на државата и дека тоа е вредност, кои ние ја имаме и треба да ја покажеме пред светот, рече Османи.