Османи: Во Извештајот на ЕК стои дека политичката поларизација и блокирањето на Парламентот ги успориле реформите

од Nikola Popovski
184 прегледи

Според моите информации кои што ги имам од Извештајот, во суштина е политичката поларизација и блокирањето на Парламентот, кој што го има успорено реформскиот процес на државата. Јасно во Извештајот стои дека политичката поларизација и блокирање на Парламентот оневозможиле да се донесат голем број на законски и реформски решенија кои би ги адресирале слабостите кои што евентуално ги констатира ЕК и тоа е сериозна порака до сите партии, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за денешниот очекуван извештај од Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Османи смета дека секој од нас треба да се бориме за да ги отвориме поглавата со ЕУ, бидејќи како што вели, нема подобра борба против корупцијата, освен со отворање на Поглавјата 23 и 24.

-Секој што го спречува отворањето на тие Поглавја, ја спречува борбата против корупцијата, појасни шефот на македонската дипломатија на денешната прес-конференција со Хавиер Копомина, претставник на НАТО.

Додаде дека детектираните слабости се симптоми на една причина. Причината, како што истакнува, е обидот да се стават партиските пред државните интереси.

-Иронија е да се повикувате на борбата против корупцијата, а да го блокирате отворањето на Поглавјата 23 и 24. Политичари кои што велат сакаме да се бориме против корупцијата, но не сакаме да се отворат Поглавјата се контрадикторни и им се смејат на граѓаните, посочи министерот.

Слични содржини