Османи во посета на Австрија, евроинтеграцијата во фокусот на средбите

од Берта Китинска
191 прегледи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во работна посета на Австрија каде што ќе се сретне со новата австриска министерка за Европа, Каролине Едштадлер.

Османи ќе има средба и со Барбара Каудел – Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц, како и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар во Министерство за надворешни работи.

Планирана е и посета на Долниот Дом при австрискиот Парламент, каде е предвидена средба со пратеници – претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка.

Централна тема на средбите ќе бидат европските перспективи на земјава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, како и поддршката што Австрија и ја дава на земјава и регионот.

Посетата на вицепремиерот Османи на Австрија е дел од засилената дипломатска и државна активност, во пресрет на пролетните самити на Европската Унија.

Слични содржини