Османи во посета на џамија и црква во Чаир: Се формира посебен сектор за одржување на верски објекти

„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа," порача Османи.

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир, Бујар Османи, утрово преку видео-порака од својата посета на џамија и црква на територијата на Чаир, ја соопшти новата мерка која е дел од неговата програма.

Османи најави дека во општинското комунално претпријатие ќе се формира посебен сектор кој ќе се грижи за севкупната хигиена и одржување на верските објекти во општина Чаир.
Оваа идеја, како што истакна Османи, произлегува од разговорите со граѓаните и веќе е широко прифатена.

Доказ за тоа се и позитивните реакции на верските претставници од двете заедници, кои ја поздравија мерката во видеото објавено денес.

„Ова е чекор за зачувување на духовните простори на нашата заедница. Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа,” порача Османи.

Со оваа иницијатива, кандидатот за градоначалник нагласува дека сеопфатната грижа за духовните простори претставува клучен дел од зачувувањето на заедничките вредности и почитувањето на различностите во Чаир.