Османи во посета на Србија, ќе се сретне со Брнабиќ и Дачиќ

од Nikola Popovski
254 прегледи

Претседателот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и министер за надворешни работи, Бујар Османи во наредните два дена е во посета на Србија, каде ќе разговара со државни претставници и претставници на македонското малцинство.

Османи денес во Белград одвоено ќе разговара со тамошната премиерка Ана Брнабиќ, со претседателот на Собранието Владимир Орлиќ и со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Тој ќе се сретне и со претставници на Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог, Националниот совет на македонското национално малцинство и Координативното тело на Владата на Србија за Прешево, Бујановац и Медвеѓе, соопшти ОБСЕ.

Тој ќе разговара и со членовите на српската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ и со претставници на граѓанското општество кои се занимаваат со младински прашања.

Османи ќе го посети и Бујановац, а ќе се сретне и со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Србија, Јан Брату, и со персоналот на Мисијата, со цел од прва рака да добие увид во нејзината работа на терен, се наведува во соопштението.

Слични содржини