Османи: Во првата фаза од дијалогот со Бугарија бевме емотивни, а сега ќе бидеме рационални

од Nikola Popovski
295 прегледи

„99 отсто се дефинирани точките од  Акцискиот план со Бугарија и може да почне да се договара Меѓувладината конференција која треба да се одржи кај нас. Во дијалогот со Бугарија, емоциите ќе се заменат со рационален пристап“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на прес-конференција.

Тој наведе дека преостанатиот еден процент според министерот се технички деталји и затоа е оптимист дека во наредните денови ќе го финализираат тој текст.

„Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емотивен, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање“, вели Османи.

Тој вели дека Акцискиот план е насочен кон соработка на линиските министерства кои ќе го подобруваат животот на луѓето од двете страни на границата. Минатата меѓувладина седница се одржа во Бугарија, а овој пат домаќин ќе биде Македонија.

Слични содржини