Османи во работна посета на Ирска

од Vladimir Zorba
221 прегледи

По работната посета во Соединетите Американски Држави, министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува на работна посета на Ирска, при што ќе оствари средба со заменик претседателот на Владата, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, Михол Мартин.

Покрај средбата со неговиот хомолог, на утрешната агенда на министерот, Османи е и средбата со државниот министер за европски прашања на Ирска, Петер Бурк.

Во рамки на престојот во Даблин, Османи ќе се обрати пред Заедничкиот комитет за односи со Европската Унија на Ирскиот законодавен дом.

Слични содржини