Османи: Враќањето доверба во договорот, значи решение за спорот

„Не ни е потребен нов договор со Бугарија. Постои начин да ја вратиме довербата во овој договор, и тоа е решението за спорот“, истакна на денешната прес конференција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека Бугарија има отворени прашања за историјата, и тоа не значи дека го оспорува правото на јазикот и идентитетот.

„Право на суверените држави е право да кажат на кој јазик зборуваат и да се определат за идентитетот. Тоа право Бугарија не го спори. Има различни ставови околу историски прашања“, рече Османи.

Тој посочи дека очекува да се најде решение, а како пример ја посочи француската пречка.

„Франција не рече преговорите да не продолжат. Напротив, тогаш преговорите продолжија и мислам дека треба да го следиме тој пристап и сега“, изјави Османи.

Исто така, Османи истакна дека ако добиеме вето во декември, во тој случај нема план „Б“ туку ќе мора да се продолжи по истиот пат.

Слични содржини