Ова е мој последен апел до пратениците. Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да им обезбедиме подобра иднина. Време е да ги собереме впечатоците, и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата, наведе во статус на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
„Изминавме интензивен период на широки консултации за предлогот на Француското претседателство, веројатно најшироките консултации за било која тема досега. Не беа лесни, ниту едноставни, создадоа и емотивни реакции и прифаќам дека на моменти создадоа нервоза и кај нас, кои сме упатени да не дозволуваме да не совладаат емоциите.
Без разлика, колку и да ни се допаѓаа или не, без разлика колкава главоболка ни создадоа, овие широки консултации сепак беа продуктивни и создадоа јасни линии на внимателност, ако сакате упатство каде и како понатаму со европските интеграции. Ги прифаќам сите загрижености како автентичен изблик на внимателност кој преку заклучоците во Собраните сега стануваат обврска и за Владата, и за мене, и за целиот преговарачки тим. Ја разбравме пораката и подготвени сме да одговориме на сите предизвици.
Сега е време да подвлечеме линија. Имаме многу работа и бројни предизвици пред нас, но ако нешто не научи нашата кратка современа историја, тоа е дека сите предизвици, колку и да се комплексни, умееме да ги надминеме и да продолжиме на европскиот и евроатлантскиот пат.
Ова е мој последен апел до пратениците. Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да им обезбедиме подобра иднина. Време е да ги собереме впечатоците, и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата“, истакна Османи.