Османи за бегалците од Авганистан: Ќе примиме жени, деца и активисти за човекови права

од Nikola Popovski
204 прегледи

„Превоз до Македонија сè уште чекаат 32 наши државјани кои се наоѓаат во Лондон, 11 кои се во Катар и седуммина од Осло. Во текот на наредните денови и тие ќе се вратат во нашата земја“, изјави попладнево министерот за надворешни работи, Бујар Османи за Канал 5 ТВ.

Тој уште еднаш потенцира дека досега се евидентирани 650 бегалци кои ќе бидат примени во нашата земја.

„Бројката ја одредивме на капацитетите и можностите што ги имаме. Списоците ги добиваме од меѓународните организации, затоа што претежно примаме жени, деца и вработени во невладини организации, активисти за човекови права. Од МНР списоците ги праќаме до МВР, од каде им се издаваат привремени визи“, информира Османи за ситуацијата со бегалците од Авганистан.